пајажина (имн.) - и (сврз.)

Со силни удари со чивии со казми дур не му направија грда голема и пуста пештера во душата змии за да се ведат пајажини и лишки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тој најчесто на македонски, но понекогаш и на влашки јазик знај да ткај стихови со леснотија на пајажина и да ги носи луѓето околу себе во некои други, нови, убави и невидени светови.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тие побудуваа особени асоцијации, болни и безбојни, што го ослободуваа од телото и тој се креваше невидлив како флуид, се лулаше на пајажините и го сеќаваше грубото допирање на таванот и рапавата кора на палмата, вклештена во прозорецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Над аурот имаше едно одајче, сега целото во пајажини и од кое се излегуваше на едно чардаче виснато високо над реката, чардаче до коешто се качуваа надворешни скали и на чиишто други имаше дупка во душемето за понадвор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)