Цвичат релсите, ко пауни во зоолошка градина, запира возот, но луѓето не запираат да се тресат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Постојаното ѕвонење на камбаната, ги возбудуваше и птиците кои кружеа над манастирот и кричеа, ги возбудуваше и пауните во дворот кои постојано испуштаа гласови, силни, пискливи; и добитокот рикаше во шталите, блееја овците - се чинеше секоја живинка се радува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Музиката понекогаш се разгиздува како пердув од паун во тревникот на секојдневието.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)