Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој дури по тие излегувања на жена си наоѓаше извесно олеснување: нејзините отсуства беа уште една пауза во напнатоста на нивните односи, напнатост којашто сè повеќе и повеќе му беше исцрпувачки заморна.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И повторно настана пауза во разговорот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Човечките судбини во Гнездо плетеа чудесни, честопати невидливи мрежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Најдениот вујко погледна околу во луѓето и рече: - Слушајте, луѓе! - рече и направи пауза во која провери дали добро го слушаат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Госпоѓа Мариела направи мала пауза во зборувањето, нога за нога се врати до фотелјата, седна и тивко додаде: „Што е најважно: сето тоа било снимено со камера инсталирана од службите.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Направи мала пауза во кажувањето, забришувајќи си го челото од потта со долниот дел од ракавот на сакото, и продолжи: “Еднаш Стево ми го кажа тоа што јас одамна го знаев, дека госпоѓата не му палела.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Додаде: „Биди внимателен... Те молам!“ му рече таа по една мала пауза во текот на којашто не го тргна погледот од него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)