Мачно ни беше патувањето по патиштата на плачот, на солзите и страдањето, по патиштата од кои немаше враќање, по патиштата на битисувањето и изгубената надеж...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сѐ беше како некогаш, подготвено за патување по брановите на времето, по страниците на отворените книги.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
8. Ѕвездочетец се врати од далечно патување по небото И според ѕвездите претскажа Дека уште многу години и уште многу пат ќе траат скитањата.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Расказот го примам како случка што потскажува дека на патувањето по животот најважно е да имаш исправен акумулатор во себе и тој, само тој, да ти овозможува услови за кратки и слатки задоволства во миговите на одмор.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)