Мила тргна по патот. Мирно го примаше ова неизвесно, ненадејно патување низ гребените, па сѐ до сртот на планината, до една зашумена лединка, до една осамена колипка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Па и сега, еве, овде во собава во Маказар, во С. исто така, како и на мноштвото патувања низ светот, во разни земји и градови, низ сите години, стоеја и стојат раскинати кутии од бишкоти, разни наполитанки, чоколадирани и нечоколадирани, за да се најде, конечно, онаа запаметена, некупена и неизедена бишкота.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Колку и да беше заморно, и опасно патувањето, домаќините во хотелот „Моцарт“ направија сè овде да се чувствуваме како дома и да си ги повратиме силите за утрешното долго патување низ Германија кон Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сега оддалеку гледам како врват низ улицата сребрена, дишејќи го воздухот на бесмртноста, без да ме примат во нивната дружба, на нивните идновековни патувања низ безбројните златни улици, покрај милионскорачните мозочни аудиториуми, во милиони разнобојни глави на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
И ден денес се сеќавам на некои психоделични патувања низ земјите на Африка, Азија, средна и западна Европа, со Пепси, со Игор, со Антони, со Жанета... од кои би можеле да се направат феноменални on the road сценарија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Збор станува за тоа дека животот е протинање низ иглени уши Некој непознат нè држи цврсто за вратот нишани во увото на иглата и говори суво како да чита од Светото Писмо: Не дишете додека ве протинам приберете си го јазикот Цврсто затворете ги очите Протинањето подразбира гаснење на светлината Протинањето е патување низ мрак И не спомнувај го повеќе спокојството Мускулите нека спласнат Помислите нека исчезнат И заземете став на птица пред летнување Сѐ друго ќе биде запишано на вашата кожа со ваша крв.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И по многуте години од нејзината најсреќна ноќ, таа беше спремна да раскажува само за онаа убава починка во гостилницата кај Бањи, каде што гостилничарот им варел јајца во водата на врелиот извор на бањата а се разбира ќе спомнеше и понекое доживување или необична поединост од тоа долго патување низ ноќта кога размислувањата за среќата повремено ѝ ги прекинувал коњот со гласното фучење, а ќе го спомнеше патем и одговорот на птиците содржан во нивните исплашени крикови што ќе уследеле веројатно поттикнати од фучењето на коњот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
(Имаше и такви крикови: ти се чини дека ја расцепуваат темнината и придонесуваат да си замислиш некоја чудна звучна светлина).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Поголемиот дел од преостанатите години на својот живот таа ќе го мине пишувајќи написи и книги за своите патувања низ светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таму таа ќе стане важна фигура во промоцијата на Модерната уметност, помагајќи при организацијата на Првото Биенале, 1951, во Сао Паоло.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Миговно, долго патување низ земјата Фантазија.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Монотонијата на секојдневието, забавениот ритам на долгите патувања низ големото пространство на најмалиот континент изненадувачки брзо му ги избришаа од животот спомените за оние што еднаш му беа блиски.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Како да веруваше дека некоја божја рака преку тоа негово самотно патување низ Европа ќе го донесе до значењето што го барал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во сите овие години на патувања низ најразлични земји и проповедања пред најразлични народи научи дека меѓу луѓето нема големи разлики.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Дома доживуваме научнофантастична инвазија: Вселенскиот брод се сместува во дневната соба и се наметнува чувството дека се наоѓате на виртуелно патување низ вселената.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А патувањето низ животот ми покажа дека на мажите секој првпат им е фрка и дека, од силна желба и фантазирање, додека не си ја обележат територијата, лесно може да им се случи да се спремаат за „романтична“ средба со вино и свеќи, одбрана музика за која им требало истражувачко испипување на Ф Б и опсервирање на пленот, кој, колку повеќе ги одбива или ги држи на дистанца, толку повеќе им ја јакне потребата од докажување, а сето тоа да заврши само како романтична.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тие беа дури и среќни, пресреќни, дека најпосле ќе се оствари нашето вистинско, а не само на илјади начини замислувано патување низ Езерото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Дулбијата ќе останеше заборавена ако Татко не ја земеше со себе во судбоносното патување низ Езерото...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не, не можев да утврдам, всушност, дали Татко или неговите читани книги, според распоредот наложен од неговите алхемиски потраги во неговата библиотека, ме повикуваа на едно негово големо неостварено кружно патување низ водите кои означуваа планетарен круг!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Па зарем не би било интересно” го прашуваше тој патецот на нејзината коса, “кога патувањето низ времето би било можно?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И после животната далга потребна е инкарнација на душата, евокација и ескалација на спомените од детството, необична синхронизација и еквалибриум на вкусовите и возбудливите задоволства насекојдневието, валоризација на фасцинантното патување низ животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сите сетила се отворени за да ја впијат во себе магијата на страста, како патување низ некои други димензии, непознати и езотерични простори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но соочени со сивата реалност ова е невозможно. Тука е контрастот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во свежите и остри утра и уште постудените ноќи сјајот во едни веќе далечни очи ме запозна со топлата страна на студот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Излегувам од зад сцената, им кажувам на гледачите дека ќе се игра претставата „Временска машина“ и ги канам на возбудливо патување низ вековите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ми зборуваше полугласно, но доволно јасно за да слушне и некој непознат од групата: - Да не си изнемоштен од напорното патување низ татковината?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Често размислував за моето фантомско патување низ сталинистичка Албанија: од чиј интерес беше земјата да остане во тотална изолација од Европа?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој пиеше текила. Дождот почна да удира по комбето и таа си помисли на камења и куршуми и патување низ времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Ништо,“ му одговори.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ветер. Скриени мрежи. Планот што искри.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога ќе дојде денот, и ти ќе одиш на некое интересно патување низ светот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А, тој ден никако да дојде!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Брат ми рече дека времепловите се интересни само на филм, како што е она патување низ минатото во филмот „Враќање кон иднината” и дека ако мајка ми нема против, не би дошол со нас, оти знае тој како ќе изгледало тоа нејзино „носење во детството”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Знаеше-како да не, поим немаше, ама кој му е крив што се прави важен па пропушта такви необични нешта како што беше тоа што се случи вечерта.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)