Меѓутоа, уште од детството и во текот на адолесценцијата, сликањето, како и проблемите на сликарството воопшто, беа негово примарно интересирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И кога пишува за гневот на јавноста по прикажувањето на хомо-класикот Себастиан, и кога ги опишува лудостите во лондонската дискотека “Sombrero” или њујоршкиот “Continental Baths”, лавовската борба за најмали можни средства (а сите негови филмови, заклучно со The Last of England, чинеа 750 000 фунти!), несогласувањата со таткото, кога го слика престојот во Русија, смртта на Енди Ворхол, настапот на Мајкл Кларк, авантурите на осамениот ноќен патник во земјата “Cockaigne”, значењето на Хакслиевата “Врата на перцепцијата” во поимањето и восприемањето на “отворените филмови”... над сите тие редови лебди ангел со гараво лице, суров и ранлив уметник што слика момчиња, овошје и други сочни плодови на животот во кој врвната радост секогаш била измешана со суровата слобода на крвопроливањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но, откаде еден Англиски господин во друштво на фантазери “изгорени” од италијанското сонце или со француската традиција на восхитување пред злото?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во Келн беше демонстрирана и кујна за вселенскиот човек, на утрешните патници во веселената.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Татко и овој пат бил по право, требале да го послушаат, ни пишуваше тетка во писма испраќани преку ретки патници во Македонија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од страв дека во својата жед по знаење, како изгубен патник во пустина, се затрчал кон некоја фатаморгана за да се напие од изворот што, всушност, не постоел.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но, не беше така, за среќа моја: слушнав убаво дека Лествичникот му рече на ноќниот патник во одајата негова да оди и да го чека долу; така рече и никако поинаку, оти слушнав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Си бил патник во еден пароброд, кој пред една недела изгоре“ - било следното прашање.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Ти ли беше патник во паробродот „Гвадалкивир’“? - прашал валијата. „Да!- одговорил Шатев“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Отпатувај ако ти е мака, ако чекаш - отпатувај пак, Возот - патник во ноќната мрака ќе расфрла нов и светол траг.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Возот патник во ноќната мрака до небето расфрлува траг.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)