На пример, Шелиевата поема Ozymandias прикажува за еден патник кој наидува на труп од статуа насреде пустина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За да го пронајдеме концептот ние треба значи да се загледаме во интенциите, односно, во свеста на изрекувачот. (Свеста значи станува некој вид на присутност.) Но што би нашле, доколку ги испитавме интенциите на изрекувачот?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И може да се случи да ги прифати сите видови на различни значења благодарение на новите контексти. (Дерида го нарекува ова итерабилност на текстот.)
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Себеси се замислувам како патник со голем багаж, патник кој очајнички се обидува да се ослободи од својот товар, но тој упорно се влече по него како самата - судбина.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Го замислувам својот колега, западниот писател, како елегантен патник кој патува без багаж.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се искачувам по планината натежната од страдања, чинели ми удираат во душава, флуктуирачки немир и субверзивна, разурнувачка болка чувствувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Како осамен патник кој веќе ни јас не го препознавам, со испиен поглед и одамна збрчкано лице се будам во нови сребрени утра, остарено, уморно и слепо одам кон лицето на судбината надоена со пелин и кобни солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тој не влегува во неизвесните нови предели на литературата како лекомислен патник кој со себе не си зел ни карта ни компас.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Уште повеќе што тој бил единствениот патник кој не се јавил да си го земе куферот од агенцијата на “Месажери мартин“ компанијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нашето гласно смеење го привлече вниманието на патниците кои чекаа во редица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дали да те опишам
како патник кој пробива
пат-падина, пат-гибел
чистач на убавини
фокусиран хаос
разјарен чемер
или како
апсолутно его?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
3. Распосли си го окото -
мојата љубов сака да патува
мојата љубов сака да залута
да се врати, да нѐ спаси
мојата љубов сака
Во предградието на твоето око
трепките си поигруваат есен,
отвори, патникот кој чука е љубовта
ќе влезе за да побегнеме од времето
меѓу градите отсекогаш сум носела виделина
окото твое отсекогаш ме барало мене -
разбуди го, ноќва како на сон те сакам,
погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мајка беше реткиот, единствениот патник кој тој ден ја напушташе татковината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пред да стигне возот, Татко, како најзагрижен од сите патници кои вистински патуваа, се распрашуваше за непредвиденото доцнење на возот, за промената на возниот ред.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)