патерица (имн.) - на (предл.)

Две патерици на студениот црковен плочник...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И чиниш нешто заборави, се врати и удирајќи со патерицата на асфалтот, налутено нѐ посоветува на скршен грчки јазик: - Едо ине Елада... Авто то глоса на ми то милате. На милате то елиника... 25
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Две патерици на бетонскиот под... Многу свеќи и многу шепоти. Воскресение.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Мене уште долго, долго ми недостасуваше звукот што го правеа патериците на Александар додека тој многу внимателно се движеше низ дневната соба во куќата на татко ми, каде што престојуваше додека закрепнуваше од сообраќајката што за среќа сите ја преживеаја без поголеми последици.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Години подоцна, летото, кога дедо ми летна за Австралија, Александар допатува од Германија, го паркира „поршето“ пред куќата на татко ми и од багажникот ги извади моите први фармерки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)