патека (имн.) - по (предл.)

Левата рака на војникот со која ѝ ја опфатил половината, ја носела кон благите падини од каде почнувала планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Утредента и наредните денови над нивите, полјаните, траповите и патеките по кои протече колоната, во кругови летаа стрвници...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Познато ви е, нели, дека и најмалиот поток никој не го води, никој не му одредува патека по која ќе се движи, а сепак слегува во долината и ќе се влее во големата вода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Срцето на Милан силно зачука и тој застана на патеката по која одеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека гостилничарот Трифо Саздов ги соопштувал овие податоци, во записникот е наведено дека тој ги одвел инспекторите до прозорецот и со кренат прст покажал кон патеката по која слегувал градскиот човек пред да влезе во гостилницата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)