патека (имн.) - низ (предл.)

Последен одеше и по тесната патека низ шумата држејќи ја врската со Одредот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Половина час возење со подземната железница; од станицата сврти лево; два километра по патот; порта на која ѝ недостасува горната попречна греда; патека низ полето; патче обраснато со трева; патека меѓу џбунови; кутнато суво дрво обраснато во мов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Манастирот со населбите има добри врски по суво и по вода со Подградец, кој е оддалечен само шест километри, додека за Охрид кој е оддалечен триесетина километри, има само коњска патека низ планината што ја видовме кога доаѓавме како изгледа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се наоѓаше во Златната земја и ја следеше патеката низ старото изгризено до корен пасиште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од килимот ѕвезди на небото, една ѕвезда се спушти, во небеската шир... оставајќи зад себе запалена лента ко искривена патека низ стрмниот рид.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но не спомна која патека низ срцето врви и каква река тече таму и кој дивеч доаѓа на поило.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)