патека (имн.) - кој (зам.)

Од изворите натаму се следеше една стара патека која наместа се губеше и машината мораше да си прави наново терен за копање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, Ардените од основа ми го изменија тоа мислење. Се движев по безбројните асфалтни патишта и патеки, со кои се поврзани сите населби на Ардените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Заборавен во огледалото стои и чека (Како шапката во гардеробата по сношната претстава) Па кој е тогаш другион , на прагон, пред патеката Која негде далеку наеднаш исчезнува како конец во довезен гоблен?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ете тоа сакам да му го речам додека ги кревам полните садови со вода. Но молчам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа се тесни стрмни козји патеки кои се издигаат од три страни угоре за влез во селото, се пробиваат низ густата дабова, букова и борова шума, се додека не се подрашират горе на висорамините, правејки така трон и на тој трон, на тој врв, меѓу трите висорамнини вгездено е селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој воопшто не се сомнева дека и овие патеки кои нудат чудни задоволства знаат да постават стапици и умеат да ти наметнат неугодности во кои напати нема да ја распознаеш и сопствената болка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како скриено од патникот, и до денес, како така треба да биде, трите патеки кои водат до Рајчани не се направени.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нивното мото беа стиховите на Есенин: „Најубави се оние патеки кои сал еднаш нозете ги газат“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)