Едно ќе те молам...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Патеката водеше до колибата на дедо Иван, која се наоѓаше во слична долинка, каква што беше Гоговиот Валог, само што беше помала и низ неа не течеше поточе.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тогаш Фимка разбра дека тие намерно така ги водеа за да не запамти никој, освен нив, кои патеки водат до магацините со оружје.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Планинска патека води покрај прошталната чешма. Тоа е место на печалбарската разделба.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Една извилеста патека води од бунарот, низ бавчата, па надвор нагоре по чаирот дури не упре одеднаш во самото сино небо.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)