Но беше изненадена, кога за прв пат откако се вселивме во куќата крај реката, го виде Татко неспан цела ноќ, со книгите и неговиот нов пријател по книга Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Многумина прават трудољубиви напори во развивањето на свесноста за недоволната развиеност на нивната бела раса, за прв пат откако нивното поранешно постоење како снабдувачи со “универзалните вредности” ги направи ваквите рефлексии одвај потребни, ако не и потенцијално штетни.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тука Хорацио, за прв пат откако седнав на клупата до него, се насмеа на својот препознатлив начин – широко, гласно, тупкајќи ме по рамото: Баш така, миличок. Црв во газот!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
За прв пат откако дојде во бригадата, Мече усети колку е убаво тука наутро кога првите зраци на сонцето ќе паднат над разбудениот младински логор, што се капеше во утринската светлина и веселост.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Не можев да замислам да го нема, а истовремено, прв пат откако го запознав, се прашав себеси: дали е сево ова нормално?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Внатре, во зградата беа нејзините домашни, нејзините роднини што дошле да ги испратат и уште многу други патници за Москва.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Прв пат откако се знаевме немавме за што да разговараме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дали е можно да постои некој кој ти е толку близок, драг и вистински, а сепак толку невистински и непостоен за сите други, освен за мене?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Па оние што одѕвонуваат во мојата глава, тоа попладне, додека летото, по дестти пат откако сум роден, си заминуваше.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Дваесетипет по туѓ газ ич не болат! – ја спомнав резигнирано едната од многуте потврдени од животот поуки - Детски муабети – беше коментарот на Господ, и за прв пат откако го запознав насетив во неговите зборови трепет на сочувство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зарем навистина во тој момент му заличив на ѕверка, скршена од железото на стапицата, која нестрпливо очекува да биде докрајчена?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Прв пат откако исчезна, му се појави на сон Игор Лозински...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)