пат (имн.) - татко (имн.)

Прв пат Татко да ми зборува за својата Историја на Балканот низ падовите на империите. Не ја заврши.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И овој пат Татко и Камилски, следејќи ист тек на мислата, прилично се оддалечија од првичниот наум: да се произнесат за сите можни конотации на поимот курбан, обземени и обајцата што им се даде можност да ги вкрстат западно-источните аргументи за означениот поим.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се врати од пат татко ми се преплаши откако разбра што се случило.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа беше единствениот пат таткото да ја удри.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многу пати татко му го поучуаше со кротко, доколку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргни Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Овој пат тато навистина ја рече правдината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Збор по збор од уста да ти влечам. Каде се оние златни времиња, кога трчаше од училиште дома и сѐ ми раскажуваше“, разочарано воздивна мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Син ти расте“, рече тато, “и не очекувај сѐ да ти кажува“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се чинеше како да пеат тројца. Некогаш, навистина беа тројца, а некој пат Татко сам пееше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но и овој пат Татко не сакаше да влета во Мајкиниот италијански сон, макар што и тој беше присутен во него, на одреден начин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)