пат (имн.) - помине (гл.)

Денот е проѕирен, како неколку пати поминат со средство за чистење стакло.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како неколку пати поминат со средство за чистење стакло.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Гледав како го поминува честарот што слегува кон водата токму на она место каде што патот поминува најблизу до реката, а потоа наеднаш Даскалов го напушти патот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А толку пат поминаа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)