Децата ме забележија од градината и ми се фрлија во прегратка. Гзиме очекуваше веднаш да заминам.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Други пати било помалку итно и веднаш сум заминувал!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко и овој пат бил по право, требале да го послушаат, ни пишуваше тетка во писма испраќани преку ретки патници во Македонија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тие што тргнаа преку Веселички Рид уште еднаш, штом се завкачиле по падините на ридот, виделе дека попусто ќе одат и понатаму: во снегот немало никакви траги, ни човечки ниту, пак, од некој ѕвер, но зашто била издадена таква заповед, се префрлиле преку рид и низ Веселчани и по Џаде дури до Алинци стигнале, а другите, кога дошле до Галичка Река, решиле да не одат понатаму: од Алилово натаму снегот по патот бил сиот разгазен и колку повеќе се приближувале до градот тој толку поразгазен станувал, па зашто никој не можел да одреди кои стапалки чии се, дали од другоселски пазарџии или од ајдутинот и од Бошета, и тие се вратиле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во воз сум кој изгледа како да е од повоена Русија, седиштата од чија утроба ѕиркаат потемнети сунѓери и зарѓани пружини, прозорци кои не се сеќаваат кога последен пат биле отворени, реа на мочка (купето е изгледа блиску до ВЦ-то), и завеси со кириличен акроним, тромави од насобраната прашина.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)