Својот син пасош го покажуваше на оние граници што ги минуваше без некое посебно размислување, редовно на грчката (каде што му се чинеше дека не сакаат ни да го погледнат ни да го пофатат тоа проклето тетратче на кое пишува Republic of Macedonia), и тогаш на австриската (кога го вртеа толку ревносно, што речиси го научија напамет).
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пасошот го стави во џебот од преплатата на палтото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)