Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мама ќе дојдеше на појадок, едно парче сув леб околу еден час подоцна.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Дон Хуан ми даде парче сува кајсија, или можеби беше сува смоква - во темницата не можев да видам ниту да го почувствувам вкусот на овошјето - и ми кажа да го џвакам добро и полека, без брзање.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога покрај него застана Пандо со полна лименка и со две парчиња сув пченкарен леб, Нумо, рече: - Добро велиш, Пандо, дека тука, во Прењес, не може човек дури и да полуди...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
За целото време мислеше дека е добро да ручаш грав, сварен со неколку парчиња сува сланина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По појадокот- фелка црн леб, парче сув мармелад за секојa и една порција планински чај на пет души - ги поделија по триесет во група.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)