Ги симна торбите со лебот, некое парче старо сирење, сол, лук и кромид и накачи горе Влајков Шопур да набере дрва, да не го тера празно магарето, бидејќи вејќи немаше во колибата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Газеше сè подлабоко, а ноќниот здив на Градот го напаѓаше со излитените сништа што се кинеа како парчиња стари весници, за повторно да се намножат во нови бранови.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)