парче (имн.) - пченкарен (прид.)

Околу половината на снагата имаше опашано шарен црвен појас, во кој беа закачени две-три главици праз и парче пченкарен леб.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А нас нѐ сместија во плевни. Спиевме покриени со слама и сено, а за јадење добивавме парче пченкарно лепче. Дали ни беше доволно? Не!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не бевме доволно достојни за парче пченкарно лепче и коцка сув мармалад.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Пандо му подаде парче пченкарен леб и почнаа двајцата да сркаат од војничката порција од која Нумо се разделува само кога Пандо треба да стои во редицата пред казанот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка му го зеде торбичето, кладе внатре едно парче пченкарен леб, неколку зелени пиперки, една главица праз, излезе надвор и му рече: - Еве ти го торбичето!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Патникот брзаше по патот и со устата безгрижно свиркаше мелодија од некоја народна песна...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се ситевме со таа игра, ама не и со парчето пченкарно лепче и сувата коцка мармалад.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)