парче (имн.) - хартија (имн.)

Со неколку благи линии, Бојс доловува експлозивни пејсажи, сцени од распнување, гробови, черепи, како и групи животни со митски асоцијации.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тука е и еден збир од митски женски фигури: Амазонки, Нимфи, сибили, шаманки, свештенички и неколку креатури пола жени - пола животни. често направени врз тенки внимателно цепени парчиња хартија, овие откачени и опсесивни дела беа тие коишто први ја создадоа Бојсовата репутација на „визионер во еден разурнат свет“.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наместо тоа, го снимивте Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Реков: „Да ви објаснам. Кога на лицето има премногу непотребни изрази, тогаш тоа лице наликува на истуткано парче хартија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кроце и со одмерена внимателност, место некогашниот дневник, ја остави само капата на маса и парче хартија.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зеде парче хартија и напиша: „Слушајте вие, што насилно ги зазедовте нашите колиби. Немате право на тоа...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Блед и задишан, тој нервно го стегаше белото парче хартија и тешко изговараше неурамнотежени и нејасни зборови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Свесни ли сте дека ова парче хартија може да биде посилно од многу други документи!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ова парче хартија, во никој случај, не смее да падне во негови раце.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тука започнала големата Таткова битка во ноќта, со немоќното парче хартија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога дојдов во семејството само ми спомнаа дека таа била кај нив, но еден ден ги напуштила без дури и да им го најави тоа, само им напишала на едно парче хартија: Си одам. И толку.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој цртеж, направен на малечко парче хартија, случајно се нашол во џебот на брат ѝ при една од неговите посети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Се наближуваме,“ рече, кога навлеговме во делот од градот што ми беше познат од онаа прошетка со брат ми, кога тој сакаше да ми покаже како изгледа дното на Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно понеделничко утро го најдов Рајнер како лежи на креветот, со парче хартија на дланката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го минувавме прагот од домот во кој пред осумнаесет години го донеле оние кои го посвоиле, а бевме тргнале кон домот во кој од него се одвоила неговата мајка, Рајнер застана, ја зеде мојата рака во својата, во онаа во која го држеше парчето хартија на кое беше запишана адресата кон која требаше да одиме, и рече: „Од времето кога заврши моето детство, па до доаѓањето овде, понекогаш кога ќе ги затворев очите, здогледував бестелесно женско суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттогаш Клара го чуваше тој цртеж на масичката, а понекогаш го земаше в раце и се загледуваше во него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
При една посета, кога ги извадил рацете од џебовите, на подот паднало истуткано парче хартија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отаде работ се простираше празнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рече дека ден пред тоа запознал галерист кој бил добар пријател со човекот кој го нарекуваше свој татко, човекот кој го беше одгледал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Густав имаше навика да ги држи рацете во џебовите додека разговара, а потоа, на крајот од разговорот, одеднаш ги вадеше, и во тој миг од џебовите паѓаа моливчиња, креди, гумички, монети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му го кажал она што го знаел – го родила девојка која тогаш имала петнаесет години, се викала Гертруда, и во тоа време, пред осумнаесет години, живеела на улица која Рајнер ја имаше запишано на парчето хартија кое го држеше во раката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму, на малото парче хартија, на некаков раб стоеше жена свртена со грбот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа немаше име, немаше дури ни лик; таа беше суштество од светлина кое трепереше пред моите затворени очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие парчиња хартија, испокасани од влагата и сонцето се налегнати врз неговите испружени колена и кога ќе го мекне перцето во местилникот тој го гледа, зад разголениот бел песочен брег нејзиното златесто тело во жеден спој со разбудените стопрсти на водата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
ЛУКОВ: Веројатно, додека го пишувал... мислел дека со ова парче хартија ќе го потресе светот и ќе го присили да му одговори на прашањето: „Како е можно човек што сиот живот го следел својот идеал, да стигне до тоа да стане убиец на тој ист идеал?“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Подофицерот седнува на воденички камен. Потоа мести парче хартија на колено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беа поборници за љубовта, а не на парче хартија на која се потпишани двајца сведоци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Присутните сѐ уште не знаеја за што се работи. Ружа тресејќи го парчето хартија ја прочита само првата реченица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
23.00 Час подоцна пребарувам по парчињата хартија лежејќи на мојот кревет и ги читам овие забелешки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сам ЛСД сум и решавам, повеќе поради дејството на алкохолот, дека ова е идеален момент да се подложам на халуциногените ефекти на ЛСД.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Одам до комодата и вадам малечко парче хартија со лотосов цвет на него.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе од веројатно е дека едноставно ќе заспијам. (Назад во материцата).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Парчето хартија ја загуби селотејпската подлога, и марсовското око на професорот по историја на уметност започна свечено да проетира.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Можеби оваа изјава вешто ве потсети на некоја епизода од серијалот „Зад границите на возможното“, но фактот дека ваквите ситуации ги решавав со селотејп и парче хартија, неочекувано брзо ме ослободи од тешкиот глобален товар врз спорниот патоказ.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Згора виде парче хартија, писмо што таа го напишала, но не успеала да го прати: ”Јас си заминувам на оној свет каде што господ ни дава уште еден живот за да го надоместиме она што не сме го имале на овој...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По некое време, Томаица скокна, зема парче хартија и почна да пишува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Подот меѓу ниската масичка и креветот беше прекриен со ситно искинати парчиња хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа се случи додека Азра, држејќи се да не падне, ѝ ја тегнеше косата, или можеби се случи неколку мига потоа, кога таа со пијани чекори отиде во кујната, го зеде ножот што беше обесен над шпоретот и, кога се врати, кога дојде над неа, лесно и го лизна во мекото, над градната коска на Ханка и потоа заврте на лево и на десно, кон жилите на вратот кои извесно време даваа тегав отпор, но само малку подоцна лесно се отворија и од нив изненадувачки силно прсна крв по рацете на Азра, по креветот и долу, на подот, обливајќи ги ситните парчиња хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Винстон ги прегледа четирите парчиња хартија што ги беше одвиткал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си замисли дека си видел парче хартија кое непобитно ја докажувало нивната невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Невидено, малото парче хартија беше повлечено од струјата врел воздух и исчезна во блесокот на пламенот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Такво парче хартија никогаш не постоело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Говорот траеше веќе дваесетина минути, кога еден курир брзо се искачи на бината и му подаде парче хартија на говорникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Приближно пет години потоа, во 1973, Винстон развиткуваше едно купче документи кои штотуку беа испаднале од пневматската цевка на неговата работна маса, кога наиде на парче хартија кое очигледно било ставено меѓу другите и потоа заборавено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нередовни интервали, тие ќе му поднесеа едно валкано парче хартија за кое велеа дека е сметката, но тој имаше впечаток дека секогаш му наплатуваат помалку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се врати назад во својот бокс, седна, го фрли парчето хартија немарно меѓу другите хартии на масата, ги стави очилата и го привлече говорпишувачот кон себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Идејата без сомнение беше апсурдна, но искрсна во неговиот ум во истиот момент кога го почувствува парчето хартија во својата рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа парче хартија свиткано во квадратче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа замина, оставајќи го Винстон со парчето хартија кое овој пат немаше потреба да го крие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На едно парче хартија беше отпечатен списокот на членовите на Шаховскиот комитет, меѓу кои припаѓаше и Сајм.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ѝ ја раскажа историјата за Џонс, Аронсон и Радерфорд и за значајното парче хартија што еднаш го држеше в раце.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Е, има!“ „Не, нема! Дома ги имам сите резултати појќе од две години на едно парче хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како можеш да ѝ се обратиш на иднината кога ни трага од тебе, па дури ни анонимен збор испишан на парче хартија, не може физички да преживее ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше моменти кога нешто ќе ми светнеше во главата, брзо ќе ја запишев таа идеја на парче хартија, за подоцна да ја вклопам во моето пишување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Празно парче хартија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Може да го видам ливчето? (подавајќи и го малото парче хартија): Секако.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Елена ѝ го запиша на едно парче хартија, што го извади од чантата. Ѝ го подаде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Земам парче хартија и срамежливо правам рекапитулација на сопствената кариера: добар старт, големи паузи, мал успон и веднаш потоа пад, повторно мал успон, па уште еден нешто поголем, па уште еден пад, па пак голема пауза...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Веднаш, на првото парче хартија, ми нацрта (беше еден од главните во урбанистичкиот тим за новото Скопје) како би требало да изгледа новиот, посовршен чушкопек.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Градот сѐ уште чекаше. Градот чекаше, со своите прозорци и црните опсидијански ѕидови, со своите кули што го допираа небото и куличките без знамиња, со своите нечекорени улици и недопирани кваки, без ниту едно парче хартија по улиците, без ниеден отпечаток од прсти на себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Имаше парче хартија во рацете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа стана и тргна накај стрништето на кое одвреме-навреме летаат јата птици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пликот со двете канадски марки, што го имаше добиено од својот Крсто, сега заедно со војничкото четириаголно парче хартија ги грее во пазуварката - до срцето...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И средбите со најблиските секогаш ѝ беа кратки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој извади тутунќесе, од весник скина парче хартија, свитка цигара и запали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
КИРО: (Станува) Дојдете со брат ти Михајло вечерва во куќава на Кир Панајотис, грчкиот трговец. (Вади парче хартија) Ова е за движење ноќе. ЕВТО: Зошто?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СТЕВО: (Вади парче хартија. Го става врз клавирот.) Напишав песна за тебе. Од никаде ништо не препишав. (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)