парче (имн.) - небо (имн.)

Не беше како во поранешната просторија, од чии големи прозорци се гледаше парче небо и дел од Тврдината, во далечината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Гледај, се насмевна или, сеедно, мислеше дека го стори тоа. Гледај: парче небо меѓу овие дрвја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бев пресреќен, затоа што уште оддалеку ми се чинеше дека под тој шатор, под тоа омеѓено парче небо се случуваат сосем чудни работи, целосно независни од светот наоколу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа богословот го покри парчето небо со своите раменици и во собата легна непријатен мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Околу зградата во која живеам преку ноќ никнуваат, неконтролирано, нови градби, ми го загрозуваат видикот на парчето небо од прозорците и балконот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тоа мало парче небо, каде што јас постојам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Бевме во оние години кога зборовите не се раѓаат од празно и не паѓаат во празно, во времето кога зборовите потекуваат од суштината на постоењето и, изговорени, таму се враќаат; бевме во годините на неискуството, кога уште не бевме влегле во смртно-сериозната тривијалност на животот, па можевме наивно да зборуваме за возвишените нешта, оние кои искуството ги отфрла затоа што се бесполезни и неупотребливи како што е неупотребливо парче небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се прашувавме што сме сега, но погледнувавме и во она што бевме, затоа што знаевме дека во човечкото суштество постојат сите негови слоеви, и низ неговата сегашност проблеснува сѐ она што некогаш било важно и не станало закржлавен остаток од минатото туку извор на светлина кој го оплеменува ликот; си го раскажувавме минатото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми се пристори, со прстиве би го допрел она парче небо високо и сино, наѕирнато меѓу листенцата од двете тополи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И маицата ја соблеков, ја префрлив преку една гранка, да не се извалка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еј, слободице мила!“ извикав и се протегнав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)