парче (имн.) - дрво (имн.)

Р рабуш - сметка, забелешка, парче дрво на кое, со засек, се бележат побарувањата и долговите
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ме поврзуваат со угодни и сериозни предмети; можеби ме прима некоја куќа по којашто копнеат, можеби парче дрво за штавење што некогаш го вкусиле.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Едно убавичко, цврсто момче од девет години рипна од зад масата и нанишани во него со автоматски пиштол-играчка, додека неговата помала сестра, околу две години помлада, го правеше истото со едно парче дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Промената во стилот на Мартинс може да се демонстрира со споредба на трите нејзини скулптури сочувани во колекцијата на Museum of Moderna Art, New York: “Christ”, (1941) е скоро 2 метра висока фигура изработено во едноделно парче дрво, а The impossible, The road, The shadow, Too long i Too narow (1946), се бронзени скулптури јасно инспирирани од мистиката и се во инхерентно надреалистички стил (за репродукции види во: Painting and S2culpture in Modern Art, на Alfred H. Bar, 1977, стр.313).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
10. Според Бретон, тој за прв пат ги видел нејзините дела во 1943; види го неговиот есеј “Marija” во Marija exh, кат. на галеријата Julien Levy, New York, 1948, (повторно објавено во Le Surrealisme et la Peinture од Бретон, Paris, 1965, стр. 318 -21).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради нешто, парчето дрво ме потсети на коска и мене ми текна што да правам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На некои масички предметите беа наредени со внимателност, понекогаш по строго определен ред, на други беа расфрлени, создавајќи хаос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)