Ако се поспиеш со мирисливиот парфем на сопствената среќа, тој мирис ќе можеш да го пренесеш и врз другите околу тебе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа ги потиснуваше овие сомнабулни очи со тешкиот парфем на своите вознемирени гради, го гасеше бунилото на овие усни што така силно ги сакаше кога тие палеа на нејзиното голо рамо жерави на слатка мака.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А тоа беше ова: штом ја отвори кутијата со храна, го почувствува парфемот на Рози и веднаш го обзеде чудна, апсурдна и фантастична мисла.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)