Извикуваа пароли во кои славеа прогресот на народниот дух, ослободувањето од дотогашните лажни вредности, викаа: „Да живее народната уметност!“, ги застрашуваа сите оние за кои сметаа дека не се декларирани.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Уште на самиот влез во Тирана нѐ пречекуваат мамутски плакати со веќе видените пароли во кои постојано се запишани имињата на: Сталин, Водачот, Партијата...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Жената со нагрденото лице скокна од местото, се качи на столот и почна да извикува пароли во чест на ДАГ и на борците, а потоа почна да вика: - “Ние сме готови!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога беше сигурен оти наполно ја има довербата на Чанга, татко ми почна да му ги кажува своите страхувања за козите и за „незавршената класна борба”, како што често пишуваше на главните пароли во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во полутемниот простор на музејот се натпреваруваат пароли во прилог на атеизмот, а против религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Рече: - Драти деца на херојските татковци и мајки, борците за слободата и напредокот... - така некако зборуваше долго и прекинуван од нашето урнебесно викање дека сме готови.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)