пари (имн.) - му (зам.)

Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога веќе парите му беа в раце, стегнати под срцето, назачки се повлече, сопинајќи се на камењето и сачејќи се како од грев.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му најде триесет лека.** Парите му ги зедоа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Букинистот одбивајќи да ги прими парите му рече: Вие ништо не ми должите, пријателе. Јас сум Ви голем должник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само, ви се мола на обајцата, да си го држите зборот. Бесата бес, шо велаат Арнаутите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)