Во секоја осветлена спална, парови се соблекуваа дома после работа, паѓаа во креветите и го правеа она.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го правеа во чест на мажот и жената, во чест на ѕверот, во чест на Бога.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го правеа пред огледала и притиснати на стаклото во туш кабини, го правеа на ѕидови и на мебел на начини кои наметнуваа претходно незамисливи акробатски вештини што тие во тој момент ги измислуваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)