Стоеше над мене, со книга и калем в рака, и на книгата, со наши букви беше испишана тајната запишана на Папокот од светот!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нејсе. Луѓето се согласија: сакаат да работат, оти им се јаде. Им се витка мевот, им бега папокот од нејадење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Никој не се држи под папок од болка заради бесот на Проказник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Преку обете усни му се протегала гребаница - бодел со нож, бодениот се бранел со нокти, бодел брзо и со кратки удари и ја присвоил пушката зашто рацете му биле покрвави од на другите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)