памет (имн.) - дека (сврз.)

„Кој е сега овој?“, се прашувам, и прво ми паѓа на памет дека дошле за струјата ама ноќе не предупредуваат, само без предупредување ја сечат наутро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А јас верувам оти е блиску до паметта дека Ролан го наговорил својот пријател да не прифаќа нов сличен договор за да не го потемни успехот постигнат со првата слика.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
(Не ми паѓаше тогаш на памет дека некакви во мене присутни самоомраза и интернализирана хомофобија можеби биле причината за праведната одбивност што ја чувствував кон нивната самоомраза и хомофобија или кон она што мене ми изгледало така.)39
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми паѓа на памет дека ако има живот после смртта, мора да има и следна смрт после која доаѓа друг живот и можеби така до бескрај.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Итрецот сакал барем по нешто да ја издвои собата на Сузи од изгледот на собите на другите девојки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)