На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
По еден час, госпоѓата со дванаесет обетки само на едното уво и прстени на сите прсти, па дури и на палецот од ногата, се претстави како цариничка на границата со Бугарија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Така се дури не го нашле самоубиен еден од тие негови борци, некој, што не можел да измолчи за сето тоа, па макар го кажал тоа и во своето претсмртно писмо, кое почнувало со она доста карактеристичното: „За ова ли се боревме...“ во бавчата, до џамијата, крај турските ќиури, со пушката, чиј што чкрапец морал да го врзе со сиџимче за палецот од ногата и дури така да повлече, бидејќи немал прирака ништо друго, освен тој долг бугарски карабин, во дрвото на чиј кундак пред тоа имаше уште една нова решка крај седумте стари.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега многу добро можам да го сфатам оној младич, што не можел да стори ништо друго, освен да си го врзе чкрапецот од својата пушка за палецот од ногата и да повлече, сигурно бил во многу борби, тој младич, а сигурно многу сонувал за животот, сигурно многу повеќе од мене, кога можел да постапи така, но сите тие борби, од кои што испливал жив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шандор на главата има паларија со извиткан обод на кој не му се знае предна и задна страна; под раштрканите мустаќи му се гледа малечкото луле провиснато на крајот од устата; мевот му е испакнат и напиња на елекот што го стега; на елекот му се гледа синџирче од часовник што му завршува во џепчето каде што му е ставен палецот од едната рака; погледот му е сериозен, па дури и малку свечен од важноста што ја придава на сликањето, на чинот со кој ќе се овековечи градењето на куќата, на која е завршен првиот кат, а започнува вториот со оставени отвори за врати и прозорци.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)