Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Намрштено ми ја подаде раката; јас силно ја затресов, но освен тоа што дебелите румени обравчиња кратко му завибрираа, раката му остана млитава во мојата рака, исто како и раката на братучетка ми Кристина, едно мало, слабичко девојченце со огромни очила со дебели стакла.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Тоа е Скопје, јудејската колонија“, вели Астерид и одново ме гледа испитувачки преку очилата со тенка метална рамка. Гледам во снимките.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Овојпат ми беше уште потешко да ги закопчам панталоните: при напорот да ги приближам копчето и дупчето во кое тоа требаше да влезе, чувствував огромна болка во стомакот, па така си ги покрив панталоните со маицата и недозапетлан, излегов надвор.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)