очекување (имн.) - на (предл.)

Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Однесувањето на Фјодоровата мачка, славниот пример, со нејзините очекувања на храна и соодветниот избор на место кадешто ќе се склопчи, според ова гледиште, не би можело адекватно да се објасни без да ѝ се припишат, и тоа на не-тривијален начин, состојби како што е имањето претстава за тоа како нештата се распоредени во нејзината околина, и според тоа, извесни верувања и желби со определена содржина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова беше нешто што ги надминуваше очекувањата на Едо и се потруди да скрие дека е вчудовиден од необичната изјава со која таа без колебање декларираше скоро натприродна моќ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Многу ретко можеа да останат лежејќи во мекиот полушепот на врнежот, кој сосема не беше тишина, а очкувањето на новиот писок зинуваше во нив со уште поужасна бела јалова морница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како што со текот на годините предметот еволуираше, така сѐ помалку се занимаваше со иницијацијата на возрасните, па стана пососредоточен на геј- акултурацијата што почнува во раното детство, без свесното учество на потесното семејство и спротиводно од очекувањата на општеството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На превртената гајба до неговите колена беше поставен шахот во очекување на првиот партнер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаеш дека помислив оти нема да дојдеш - се зарадува Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дваесет години подоцна јасно се гледа дека новиот систем значително потфрли во остварувањето на економските очекувања на македонските граѓани.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали си во состојба да ги изневериш очекувањата на другите луѓе околу тебе, за да не се предадеш пред самата себе?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Донесе Кољо и вино правено од своето лозје, со години чувано во кералот на куќата, во очекување на некој посебен ден, ден на слободата, или ден на свршувачката на Марија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)