А него да го претстави како виновник за нејзината наводна непромислена постапка, со очекување дека на крајот, Томо нејзините грешки ќе ги види како своја вина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Христијанското население живеело постојано во очекување дека нешто крупно ќе се случи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Оваа мрежа на идеи и вредности ги содржи: претставата дека стигмата на хомосексуалноста може да се надмине не со отпор кон неа, туку со нејзино прифаќање; откажувањето од секакво очекување дека ти следува да те сфаќаат сериозно; ироничното гледање на сите општествени идентитети; навиката да се третира автентичноста како изведба на автентичност; одбивањето да се уважи како достоинствено страдањето на поединците кои се нашле во ужасни и трагични ситуации, дури или особено кога ќе се погоди баш ти да бидеш еден од нив; истовременото заземање на општествено повисок и општествено понизок став, што подразбира постојано унижување на самиот себеси; отворено признаената срамотност на сексот и демократизирачкиот порив таа срамотност да се шири наоколу; антихиерархиската инклузивност на камп-хуморот, неговото себенеизземање и неговата постојана функција во создавањето заедништво.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се освести дури предвечер, со тапа болка во целото тело, капнат, жеден; ги отвори очите во очекување дека ќе го види пред себе оној гол камен и се изненади.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Хајнерле го почувствува тоа премолчување, и од него побегна со погледот кон мушичките кои летаа среде собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ме гледаше со очекување дека ќе ја препознаам неговата желба, јас ја препознав и ја премолчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нѐ гледаше со очекување дека ќе ги препознаеме неговите желби, ние ги препознававме и ги премолчувавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Хајнерле ги чувствуваше тие премолчувања, и од нив бегаше со погледот кон некоја дамка на ѕидот, кон мушичките кои летаа среде собата, кон прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)