Кејн никако не пропушташе можност да ги потсети гледачите, преку богатиот општествен реализам и упорното инсистирање на деталите од тој период, колку се далеку од светот и од времето на семејната драма што ги прикажал Кејн.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сосема е за очекување секоја полугенерација геј-мажи да чувствува отсеченост од културните објекти и од начините на поврзување со нив кои толку ѝ значеле на полугенерацијата пред неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Идентификувањето на геј-мажите со славните глумици од класичните холивудски филмови на времето било понепосредно и поинтензивно, кога требало повеќе напор за да се постигне иронична дистанција од ликовите што ги глумеле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иронијата со која сега ги гледаме филмовите со Џоан Крафорд, сигурно, е многу поинаква од иронијата со која геј-мажите го гледале Милдред Пирс во педесеттите и во шеесеттите, кога мелодрамата, општествените околности и родовите стилови не изгледале толку неверовито, па затоа и не толку емоционално туѓи колку што изгледаат денес (поради што ниту една универзализирачка, психоаналитички формулирана теорија за геј-гледателството не може да ги објасни геј-практиките на гледање и сите нивни особености).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)