оче (имн.) - наш (прид.)

Тазе поповите се познаваа како мариовци уште од порано, та бидејќи поп Илија се наоѓаше во „грчки“ центар — во Битола (што му даваше кураж), колку го сретна Пројчета во тесното уличе пред дуќанот на Мушона Евреинот и Ристета бѕовиќанецот, застана пред него и почна да го навредува и предизвикува: — Оче наш, прчи паш, вати мачка за опаш . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко си го поклопи цело Витолишча и кај него ништо не се измени. „Оче наш“, „Свјати боже“, „Господи, помилуј“, останаа истите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес... - прекина само за миг небаре наслушуваше дали нејзините зборови стигнаа таму каде што ги упати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Молеше за здравје за сите дома и за роднини и пријатели, за бериќет и спокој, а потоа отвораше книга и вака се крстеше и почнуваше одново да се моли: - Оче наш, иже еси на небесах, услиши молитву мојy, внуши моление мое во истиња Твоеј, услиши мне в прaвдје Твоеј.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таа секој ден, откако ќе се измиела, откако ќе ги тргнела пердињата од очите, влегувала во Телото Исусово, за да си ја успокои душата, за да се освети и просветли, повторувајќи молитви искрено, чисто, простодушно: Господи, Боже наш, Ти кој си на небото, Создателу на земјата и на сета твар, Ти кој гледаш сѐ и си милостив и си жалостив и си справедлив, спаси ги душите на народецот наш и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме; Господи, Оче наш. Алилуја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ОЧЕ НАШ, КОЈ СИ НА НЕБОТО - ДА ТИ СЕ СВЕТИ ИМЕТО... ВОЛЈАТА ТВОЈА, ОЧЕ, НЕКА ДА СЕ ИСПОЛНИ... * * * * *
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не ја разбирав смислата на молитвите и своеволно ги изопачував чудните, неразбирливи зборови - Оче наш, иже јеси, Стане беси.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Попот и Васил му раскажаа од почеток до крај, Анѓа ги дополни за зулумите од прилепскиот кадија со своето ропство кај него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)