оценка (имн.) - на (предл.)

Во нашата деловна практика овој начин на стопанисување многу ретко се користи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На крајот прозборев: - Другар А. А. , вие сте неправедни од оценката на придонесот на албанските католички дејци во одбраната на албанскиот идентитет во историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, во конкретниов случај всушност  – според оценка на судот – станува збор за консензуален Договор за здружување заради заедничко остварување и поделба на извесна имотна корист, односно материјална заработувачка па посоодветен термин од „ортак“ се чини дека би бил „заедничар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И сите тие се обидуваат, на некаков начин, да дадат оценка на гемиџиската акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веројатно најправдива оценка на слабостите на ТМОРО направи Вториот окружен конгрес во Солун /1905/, непосредно пред одржувањето на Рилскиот конгрес на Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А во ЗТПОК (1993) зборот „франшизинг“ беше употребен само еднаш – во делот на казнените одредби (чл. 101, ст.1, ал.4) – од што имплицитно под овој термин се подразбираше „облик на располагање и/или продажба на општествениот капитал“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Инсталацијата за снимање што Богдан Русимиров во службениот стан на Ема Ендековска, додека таа беше во домот на Нинослав, ја постави ноќта, на 15 јануари, даде солиден резултат (одредницата солиден беше оценка на Шефот кој, по правило, во општењето со другите, па и со најблиските, се обидуваше да не се расфрла со крупни зборови).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)