отсјај (имн.) - во (предл.)

Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Купена куќа, прошетка, роба, купено време со туѓа болка, не дава среќа, не вреди, вредност нема, а само празна слика копија на оној кој гинел, само отсјај во огледалото, одраз блед на сонцето во туѓ поглед кој многу чинел.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Блажена беше ноќта во нејзините прегратки... посјајна од сонцето потивка од месечината потрепкава од ѕвездено небо Јас и Таа романтичен отсјај во машкоста нежност во нејзината женственост Ме погледна,со задимен поглед што подсеќа на љубовна романса без зборови,само со очи нејзиниот поглед кажува сѐ.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А сигурно само цицало, зашто имаше синкав отсјај во очињата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Уличните светилки прават одсјај во водата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во сива замаглина сповиена е Сињачка и над неа полека се појавува белузнава боја, се издигнува таа и по неа, во испреплетени партали се редат жолтеникави, розови, златни, црвени, пурпурни појаси. И пурпурен е блесокот и отсјајот во облаците...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Романтична божица со поглед ко медитативни бисери авторитарен отсјај во нејзините движења атракција за машки погледи скришум испратени од хаосот на мислата искована од еротски наплив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)