отсликување (имн.) - на (предл.)

Таа, на магичен начин, ја поврзува реалистичката постапка на Јован Бошковски, авторот на првата збирка раскази на македонски јазик, со некаков си урбан „фантастичен реализам” на Веспа Демонска, на пример; или, Урошевиќевата постапка на „онеобичување” со гротескната слика на градот на Ермис Лафазановски; или, налудничавото Скопје потонато во православна хистерија од Самураи на Славко Јаневски со новиот сензибилитет и урбаниот пејзаж на Буде; или, лирски снажното стареење и изумирање на нештата од расказот на Димитар Солев со осаменичкото, отуѓено и невротично „живуркање” на студентот од Ѓон на Драги Михајловски; или, Чаршијата од предземјотресно Скопје на Данило Коцевски со денешниот Битпазар од расказите на Јадранка Владова; или, фактографското отсликување на личните спомени врзани за скопското предградие на Ташко Георгиевски со александриската или „борхесовската” постапка на ерудиција која ја негува Венко Андоновски...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Меѓутоа светот на Чинго не е отсликување на некој образец, тој е граден самостојно, врз едно специфично естетско искуство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тивко отсликување на животот на Вероника се крие во овие интимни дијалози, мудроста, вистината, нивната испреплетеност, контрадикторност, начинот на кој тие влијаат се носечки двигател во инспирацијата и креацијата која левитира низ нејзините стихови.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)