Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
И знаев: Јас сум каменорезецот, Јас ја допрев душата на каменот, Јас го насликав лицето на каменот, Јас сум ѕверот под каменот Со отров во јазикот, Јас ќе ве каснам за срцето, Во осама Додека самувам сам Во самица.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Загледана во некоја замислена точка на бесконечноста се обидувам да му напакостам на сопственото тело, зошто душата и така ми е одамна затруена од отровот во белите цветови што растеа во недостижноста на тоа веќе загубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Душата ќе ја продаваш на непознати минувачи зошто стравот од осаменоста е отров во вените... New York, 2006 НЕЧУЈНО ЗБОГУМ И ЗАСЕКОГАШ ЗАМИНА, А ТОА ШТО СРЦЕТО САКА НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВА И ПОНАТАМУ УЖАСНО МИ НЕДОСТИГА СО СЕКОЕ ЗЕМАЊЕ ЗДИВ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сликарот на животот, создавачот на смрта, ткајачот на судбината, златен круг на времето кое ќе нѐ однесе до портата на чистилиштето. -„И што понатаму?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Отровот во баклавата во царството ќе одземе многу животи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во лавиринтската тепсија на баклавата ќе бидат запишани многу горчливи страници на балканската историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Престана да молчи и чу дека гласот му беше како таа смеа - сув пелин со темен отров во себе. „Марија, денес умре еден бол“ , рече за да не крикне со своето месо.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бол сум во црвен мрак и носам отров во волчите очници.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Знаеше дека има бел отров во очите како оној што личеше на брест, како поднаредникот без веѓи, како тие двајца во оној ден пред тоа на планинскиот пат; знаеше дека нема право на тој збор но уживаше во дрскоста и мислеше на трите маслинки во паркот;и знаеше дека во ова студирање без сведоци може да остане само еден и да биде од тој час псамен патник на планина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Мечкојад ја извлекол пушката од сламата и ја подал кон сенката над него. - Земи. И остави ме. Сакам да спијам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не, го прекинал бабуњосаниот Онисифор Мечкојад. - Тој има отров во месото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпосле не можел ли друг да му пушти крв на старчето, не можел ли друг да докажува дека од грст пепел на оној што е апнат од змија не се окотува змија со капка отров во коренот на иглестите заби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Умира, гние, рекол Онисифор Проказник. - Затоа само ќе го закопаме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Велат дека има трозабец на опашката и со неа става отров во зимниците што луѓето ги чуваат во визбите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И можеби како и гревот и среќата, така и омразата постои само во очите на оној кој ја забележува, и на оној кој врз себе ја чувствува – инаку тоа се само постапки, обични постапки и ништо друго, обични постапки, а сепак фрлаат отров во животот на оние кои ја трпат омразата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Змијата е убава, иако носи отров во себе –одговори старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да не ги замениме со суровите моруни, дури и со оние кои се нарекуваат ,,хеленски” и кои што имаат жолтеникави дамки низ телото и отров во устата, на коишто Римјаните им ги препуштале осудените на смрт: Ad moraens.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Оти, овој ставил отров во манџата на комитите. Некој го потплатил.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)