отпор (имн.) - на (предл.)

Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаеше, отпорот на гаменот ќе е страшен; сеќавајќи се на неговите долги раце со тешки шепи, беше сета со Ивана, со неговите бистри, жолти очи покриени со сенка на густи кадри врз челото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во десетгодишното постоење, владата разви мал милион на методи за кршење на отпорот на малубројните дисидентски групи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не можеше веќе да мисли дека повторува зошто огнометот и отпорот на неговите мисли се слеаја во треска, го полавија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа во моментот пак се сети на отпорот на Хелвиг, на одбивањето да имаат дете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со сета женска интуиција чувствуваше дека тој веќе не нуди ништо добро за нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нив ги одбиваше неговата гордост, неговиот инает, сѐ посилната ароганција, чијшто ветер в лице не го доживуваше како отпор на средината, туку како виор на својата прва слобода...  Како што и почна да му зборува: таа не беше среќна тука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По ударот со кундак во куќата на немата девојка, Лозан Перуника се чувствувал грд и штрбав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога жените се исправиле под светлоста на месечината чудно танки и штрклести дури и во подгрбавеноста и кога пошле кон своите куќи во чии прозорци лежела магличеста светлина, Лозан Перуника, со стиснати усни совладувајќи го во себе отпорот на осаменичкиот страв, дошол до гробот заграден со пет пламенчиња за петте покојници од дванаесет до шеснаесет години и се потпрел со острите коленици на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
He еднаш непријателот вршеше офанзиви за да го скрши отпорот на народот и да ја уништи неговата војска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Движењето коешто со сопствена волја минува низ просторот преминува во апсорпција со самиот простор - крај на отпорот, крај на самата сцена на патувањето (како што млазниот мотор веќе не е енергија на продирање во просторот, туку се придвижува така што пред себе создава празнина што го вшмукува, наместо, според традиционалната шема, да се потпре на отпорот на воздухот).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Само отпорот на козите, на козарите и вљубениците во козата, можат вистински да ја докрајчат суетата на имбецилните и деструктивни идеологии.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Популарната култура стана сцена на динамично натпреварување, дури на “борба”, а не на статичка доминација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Елитистичките, економските, редукционистичките и песимистичките постапки ги заменија нагласувањето на релативната автономија, отпорот на публиката, множеството значења и политиката на уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во постојаните интеракции меѓу доминантните економски структури и публиката се создаваат низа можни значења, што уште повеќе оневозможува да говориме за некакви едноставни, предвидливи ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)