откорнување (имн.) - на (предл.)

По тепачката, Нумо, полека почнуваа со откорнување на ноктите. Сеедно дали од нозете или од рацете. Болката е иста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сите заедно учествуваат во заедничката претстава на откорнувањето на религијата од душите на луѓето за да ослободат место за идеолошкиот Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега, и откорнувањето на стеблата среде летна луња не го забележувам.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Звукот, кој наликуваше на болно откорнување на некое тело во совршена симбиоза сраснато со некое друго, го уверуваше дека зад овој предел, макар да е само овде, се крие божјиот допир кој спојува и разединува, кој создава и уништува.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)