отклучување (имн.) - на (предл.)

„Ќе те пуштат и тебе...“ - му рече Готлиб додека се слушаше отклучувањето на вратата од карцетот.  „Мислиш?“ „А што ќе си им тука?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со говор што не кажуваше прецизно, со искази што само навестуваа и оставаа празнини како во голема сложувалка што не требаше докрај да се пополнува, а на која ѝ се насетуваше сликата.  Се сети на сложувалките што како дете брзо ги решаваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Отклучување на заклученото, на катанец железен, со чекан и длето од решетки скршен, лошотија бедна, врз глава живот срушен.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)