отвори (имн.) - на (предл.)

Некогашната полиглосија на Балканот станува нова реалност со отворање на херметички затворените граници на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И како прва буква аз, дадена од Бога на словенското племе за да се отворат устите на децата при учењето на разумот преку буквите, тоа се произнесува со широко отворање на устата, а другите букви се произнесуваат со послабо отворање на устата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Крајот на Студената Војна, глобализацијата на културата и интернационализацијата на економијата и политиката резултираа во отворање на границите и намалување на оние државни контроли кои го „реалистичките“ аргументи, од безбедносна перспектива, види Peter Andreas, “Redrawing the Line: Borders and Security in the Twenty-first Century”, International Security, Vol. 28, No. 2 (Fall 2003): 78–111. 48
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)