Сиот вишок на разно обоени материи во стомакот го исфрлав преку влакнестите отвори во шолјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во нула-нула часот и триесет минути на 21 август, подвлекувам и запамтете добро, во нула-нула часот и триесет минути низ направениот отвор во одбранбената линија на противникот тргнува главнината на нашите единици.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Беше во форма на мал тркалезен мермерен споменик, со отворче во средината.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Од бочната страна таа личеше на мавзолеј, а отворот во основата сугерираше на влез во подземна гробница.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Чардачето беше направено околу-наоколу од внатрешната страна на столбовите и со четворен отвор во средината.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)