осознавање (имн.) - на (предл.)

На крајот стана жртва на својот утописки прагматизам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што ви реков на почетокот, ќе дојдеме до осознавање на самите себе, полека тивко: почнувајќи од Геа-супернитот...потоа, атомите наши... па, Земјата...потоа, свесноста...па, себството...сѐ до универзалниот дух- вакуум и повторно до Геа..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше повеќе мигови кога сакав да го кажам својот дел на вистината за Арафат и Палестина, во чија епопеја бев фрагментарно замешан, но која силно ме означи во животот, во осознавањето на моќта и трагизмот на човековата судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во борбата против модерниот свет на униформирањето, постмодерната има задача да овозможи осознавање на неструктуираното, да го создаде сѐ уште невиденото, да ги обликува објектите во духот на настаните.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)