основаност (имн.) - на (предл.)

Интелигенцијата има, според еднодушната согласност, општествена задача да ја критикува основаноста на институциите не нанесувајќи им штета, да ја преземе на себе улогата (за да спречи некој тоа да го земе за сериозно) на бранител на јавноста од малверзации; таа е барон шарлатан.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А нему во претставата му припаѓа улогата на бунтовник, но, се разбира, лажен бунтовник.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека, пак, стварната [каузална] легитимација (legitimatio ad causam) претставува материјално-правна врска помеѓу предметот на парницата и лицата кои во тужбата се означени како парнични странки, т.е. вистински правен однос на странките спрема предметот на спорот во точно одредена парница или „способност да се биде странка in concreto“ и, за разлика од процесната легитимација, таа не е процесна претпоставка туку е прашање на меритумот на спорот ([не]основаноста на тужбеното барање) и за неа судот не води грижа по службена должност, туку само по укажување на странките кои треба и да ја докажат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со други зборови, тоа е однос на странките во парницата спрема нејзиниот предмет на расправање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако тужениот не поднесе одговор на тужбата во определениот рок, судот ќе донесе пресуда со која го усвојува тужбеното барање [т.н. пресуда поради неподнесување на одговор на тужба], но само ако бидат исполнети следниве услови: 1) на тужениот тужбата и поканата за давање одговор на тужба му биле уредно доставени; 2) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 3) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите кои тужителот ги поднел или со 294 општопознатите факти и 4) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот од оправдани причини бил спречен да поднесе одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)