ослободи (имн.) - од (предл.)

Негушкото востание и покрај неуспехот, претставува прв масовен обид за ослободување од Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката ја донесува првостепениот суд по предлог на странката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одличен показ за демократијата на печатот, би коментирал некој западен грижољубец за ослободување од „прангите на едноумието“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
При донесувањето на одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката, судот грижливо ќе ги оцени сите околности, а особено ќе ја земе предвид вредноста на предметот на спорот, бројот на лицата што ги издржува странката и приходите што ги имаат странката и членовите на нејзиното семејство (чл. 163, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко стравуваше дека фанатизмот на чистењето на јазиците, насилното ослободување од туѓите зборови во јазиците, еден ден би можело да се префрли и на етничкото чистење на народите, стравуваше тоа да не се случи на Балканот и да дојде до невидени братоубиствени и истребувачки војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
До 1878 бугарската пропаганда во Македонија имала предност во однос на другите две пропаганди поради фактот што дотогаш Бугарија и Македонија биле во рамките на Османлиската империја и заеднички воделе борби за национално ослободување од повеќевековното османлиско ропство и духовно ослободување од стегите на грчката патријаршија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Таа борба бугарската буржоазија ја искористила за да го прошири своето влијание во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нов бран на незадоволство кај македонскиот народ се појавил во текот на 70-тите години на XIX век.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)