освојување (имн.) - на (предл.)

Мислата нагло му свртува на друго: можеби, ако не ги делеше тие пари, ако ги дадеше за засилување на храната, ќе успееше да го направи оној нужен напор за освојување на последниот поен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нивните животи се посветени на освојувањето на светот, но тие исто така знаат дека војната треба да продолжи вечно и без победа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Војната ја води секоја владејачка група против своите сопствени поданици, а цел на војната не е да се изврши или да се спречи освојување на територија, туку да се сочува структурата на општеството таква каква што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Турскиот јазик со кој денес се служи населението во Турција (околу 60 милиони жители), помали групи од турско потекло на Балканот (во Бугарија, Македонија, Косово, Грција, Романија), како и неколку милиони во емиграција, започнал да се развива во Анадолија кон крајот на XI, уште од времето на освојувањето на полуостровот од страна на турските племиња дојдени од централна Азија под команда на Селџуците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Двајцата со воодушевување раскажуваа за освојувањата на врвовите, за згодите и незгодите на тие заеднички патешествија .
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Највпечатливите репортажи ги направи со планинарите од планинарското друштво „Железничар“ при освојувањето на негазените височини.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
22 Еден настан, меѓутоа, повторно ќе го доведе во прашање ова посветување на Volksgeist-от со наука: станува збор за војната помеѓу Франција и Германија 1870 година, поточно за германското освојување на Алзас и Лорена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И потем фати угоре по карпата, низ текстот, низ сочинението, оти освојувањето на сочинението е качување по гора, освојување на врв најизвишен, врвен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По освојувањето на Македонија од страна на Османлиите, Исламот станал дел од македонската стварност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Истовремено, со потпаѓањето на Македонија под Османлиска власт на Евреите им било овозможено слободно да ја исповедаат својата вера.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во негово време Србија го достигнала својот најголем подем во однос на освојувањето на нови територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ниту пак, имаме намера да ги регистрираме латинските записи, различните патеписи или бројните хроники кои известуваат за освојувањата на градот, како ни сѐ она што е напишано по повод катастрофалниот земјотрес од 1963-та...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа е пирамидата на успехот! Нејзиниот врв е насочен кон сигурно освојвање на потполната среќа – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Тоа е вечната борба во умот на човекот, борба за освојување на умот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Издржи го засркнувачкото голтање на фалусот на смислата лизгавото освојување на бескрајот во овој мал дел од времето во кое смртта се лечи од комплекс на ниска вредност и се докажува врз јазичето на живите и кога затвора и кога отвора.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Сѐ ова се таканаречените породилни маки при освојувањето на повисоки позиции на општествените скалила“, заклучи заобиколувајќи ја последната соспа снег.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Победнички одмор на врвот на планината. Александар и Букефал по освојувањето на Персија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)