осаменост (имн.) - на (предл.)

Да ги запрам водите, се насмевнуваше потоа осаменоста на Отец Симеон од ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бернард Лоун, пак, вели: „Затоа, само оние кои го гледаат невидливото - можат да го направат и невозможното“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сексуална осаменост на облаците на небото, јазична осаменост на луѓето на земјата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Осаменоста на човек кој јавно го подготвува својот оброк, врз некое ѕитче, врз капакот на некој автомобил, покрај некоја ограда, сам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)