орман (имн.) - и (сврз.)

Ја поминаа и Црна, та го фатија орманот и накачија горе на Голем Врв, над Груништа, каде преденуваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излегоа од орманот и уште клевкајќи дотрчаа ваму, до мене со поведение како божем да велат: Виде како ја истеравме?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Обично кога се враќаа од биоскоп или театар, Павле и жената, покрај другите работи по излозите меркаа и штоф за ново палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Единствена деградација - знак дека палтото си го отслужило своето, - што немаше повеќе за него место во орманот и што висеше на еден клинец зад кујнската врата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)